Клоп го доби 100-милионското засилување, медиумите веднаш го потсетија на неговата дволичност

Дарвин Нуњес е одговорот на Ливерпул за трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер сити, па сега двата фаворити во Премиер лигата добија расни голгетери кои ќе ги тероризираат одбраните во англиското првенство.

За разлика од Граѓаните, Ливерпул мораше да потроши 100 милиони евра за уругвајскиот напаѓач, иако дел од таа сума ќе ја исплаќа во одредени бонуси.

Штом се потврди трансферот на Нуњес, медиумите на Островот го дочекаа моментот одново да ја објават и да ја употребат изјавата на Јирген Клоп против него која датира од 2016 година.

„Кога ќе дојде денот и трансферите од 100 милиони ќе станат нормални, јас повеќе нема да ја работам оваа работа. Многу голем ризик е да се потроши толкава сума на еден играч бидејќи ако дојде до посериозна повреда, тоа ќе значи пропадната инвестиција. Јас сум поинаков и сакам да работам различно од останатите, да градам тим и да создавам играчи“, истакна Клоп, кој во тој период алудираше на 100-милионскиот трансфер на Погба во Манчестер јунајтед.

Е, дојде времето да се истакне неговата дволичност, како што потенцираат медиумите од Англија, иако Клоп е фокусиран на Нуњес и неговото оправдување на средствата.

- Оглас -

Најнови вести