Јирген Клоп на тренерската позиција во Ливерпул ќе остане до крајот на оваа сезона, а на официјалната прес-конференција пред дуелот со Брентфорд го најави и својот наследник. Германецот на чело на „црвените“ сака да го види Чаби Алонсо, за кого вели дека е неверојатен.
– „Чаби Алонсо е одличен. Прави неверојатна работа и ова не го кажувам дека јас си одам од Ливерпул. И пред два месеци да ме прашавте, би го кажал истото. Новата генерација на тренери пристигна. Би рекол дека токму Чаби Алонсо се истакнува.“ – рече Клоп.
Јирген Клоп на клупата на Ливерпул до сега седеше на 468 натпревари, на кои забележа 291 победа и 81 пораз, а 96 натпревари завршија нерешено. Освои Лига на шампиони и Премиер лига.