Клоп го најде виновникот за поразот од Арсенал

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не е задоволен од делењето на правдата од страна на судијата Ентони Тејлор во дербито против Арсенал. Ливерпул загуби со 3:1 и сега трката за титулата во Премиер лигата стана уште поинтересна.

Според Клоп, Тејлор немал ист критериум за двете екипи. „Многу работи беа на наша штета. Овој судија ми покажа црвен картон против Манчестер сити поради боречкиот зафат на Бернардо Силва врз Мо Салах. Неверојатно. На Конате му даде жолт картон затоа што го држел Хаверц. Габриел му го направи истото на Нуњес и ништо не доби“, е забелешката на Клоп, кој на крајот сепак му честиташе на противникот и потенцира дека Арсенал заслужено победил.

Клоп ја работи последната сезона како тренер на Ливерпул, а германскиот стратег во јуни си заминува од „Енфилд роуд“, и тоа по девет години работење.

- Оглас -

Најнови вести