Клоп го одработи последниот тренинг и си ги спакува работите од канцеларијата „Енфилд“ (Видео)

Јирген Клоп утре за последен пат ќе ја предводи екипата на Ливерпул од клупата. Германецот денес го одработи и последниот тренинг, а потоа си ги спакува работатите од својата канцеларија. Дуелот против Вулверхемптон на „Енфилд роуд“ за него ќе биде збогум со легендарниот стадион и со навивачите на Ливерпул.

„Ова ми е последен ден во оваа канцеларија. Го одработив и последниот тренинг. Беше некако чудно. Некои од моите помошници беа емотивни, но јас не бев. Си реков утре е натпреварот, а потоа се празници. Ќе го напуштам ова место и тоа е баш интересно искуство.“ – рече Клоп во видео порака објавена на социјалните мрежи.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1791890695667523821?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1791890695667523821%7Ctwgr%5E5b8c3ce46a0e086b38801382832ec91d02126b52%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fklopp-je-odradio-zadnji-trening-i-spakirao-stvari-ovo-mi-je-zadnji-dan-u-uredu%2F2566265.aspx

Јирген Клоп на „Енфилд роуд“ пристигна во 2015-тата година од екипата на Борусија Дортмунд. Со Ливерпул освои по еден трофеј од Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, ФА купот, Супер куп на Англија и Супер куп на Европа, додека двапати го освојуваше Лига купот на Англија. Со Ливерпул загуби и две финалиња во Лигата на шампионите и едно во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести