Клоп го предводи највредниот состав во Европа

Актуелниот европски првак Ливерпул е најскап тим на трансфер-пазарот според последните пресметки на европскиот фудбалски опсерваториум. Јирген Клоп предводи состав вреден цели 1,4 милијарди евра, Црвените се први на листата пред нивниот ривал и актуелтен шампион на Англија, Манчестер сити.

Вредноста на составот на Граѓаните е 1,3 милијарди евра, додека од англиските клубови во топ 10 уште се Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем. Зад Ливерпул и Сити, во топ 5 највредни екипи уште се Барселона и Реал Мадрид, ПСЖ, нормално, е единствен преставник од Франција, додека актуелниот италијански првак Јувентус ја комплетира листата од 10 најскапи тимови во Европа во моментов.

Не е изненадување што Ливерпул е највреден тим во моментов ако се земе предвид нивниот лански успех во Лигата на шампионите, како и походот во Премиер лигата оваа сезона, во која доколку се продолжи, ќе се стави крај на тридецениското чекање на титулата која треба да пристигне на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести