Клоп го прескокна сер Алекс Фергусон на вечната листа во Премиер лигата

Ливерпул синоќа со убедливи 4:1 го совлада Челзи во 22-рото коло во Премиер лигата и ја задржа предноста од пет бода на лидерската позиција на табелата во однос на Манчестер сити и Арсенал, а менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, влезе во историјата на најквалитетната англиска лига.

Триумфот над Сините беше 200-ти за Клоп во Премиер лигата како тренер на Ливерпул и до оваа бројка дојде само со 318 натпревари.

Со тоа го прескокна легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, кој пак до 200 победи во Премиер лигата дојде од 322 натпревари.

На четвртото место се наоѓа Жозе Мурињо, на кому му беа потребни 326 меча за 200 победи, а петти е Арсен Венгер со 332 натпревари.

Без конкуренција е Хосеп Гвардиола, кому му беа потребни само 269 натпревари за да дојде до 200 победи во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести