Голот на Салах му ја донесе потребната победа на Ливерпул против Наполи за пласман во нокаут-фазата. Но, „црвените“ имаат друг херој кој вчера ги одржа во живот во последните моменти од средбата на „Енфилд“.
Наполи можеше многу лесно да израмни во втората минута од судиското надополнување, откако Милик се најде сам пред голот на Алисон, а бразилскиот голман со маестрална интервенција не дозволи неговата мрежа да се затресе.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше само пофални зборови за неговата одбрана.
„Да знаев дека е олку добар, ќе понудев двојно повеќе од сумата за која дојде тука. Едноставно, останав без зборови по таа одбрана. Никогаш претходно не сум видел таква интервенција, ни го спаси животот“, истакна Клоп по триумфот над Наполи.
Алисон во текот на летото стана вториот најскапо платен голман на сите времина, откако Ливерпул за неговите услуги исплати 70 милиони евра на Рома. Оваа одбрана ги оправда сите средства потрошени за него.
Alison Becker, what a save?
It kept Liverpool alive in the game.
— Arnaut Danjuma (@Lewanjoski) December 11, 2018