Клоп и Гвардиола жестоко се скараа пред неделното дерби

Ливерпул во една од најголемите резултатски кризи во последните неколку години се подготвува за дербито против Манчестер сити во Премиер лигата. Тоа ќе биде дуел на двата последни шампиони во Англија, а ќе се игра на „Енфилд роуд“.

Иако игра на свој терен, тоа некако не е голема предност за Ливерпул, ако се знае дека тимот на Јирген Клоп претрпе два порази и еднаш ремизираше во последните три средби дома. Повеќе од 350 минути Ливерпул нема погодок на „Енфилд“, а тренерот Клоп вели дека неговиот тим не добил пауза како што имал Сити претходно.

„Ние немамвме никаков одмор. Сити имаше две недели пауза поради разни причини, ние немавме“, рече Клоп.

По оваа изјава, следуваше одговор на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Клоп греши. Имавме одмор од два месеци. Или три месеци беа? Не, паузиравме четири месеци и затоа сега сме во Топ 4. Јирген треба повторно да го погледне календарот. Имавме заразени со Коронавирусот, поради што пропуштивме една недела. На следниот меч бевме едвај со 14 фудбалери на дуелот против Челзи. Кога ќе го видам ќе му кажам колку сме паузирале. Изненаден сум, не го очекував тоа од Клоп. Не мислев дека е таков тип на тренер“, беше реакцијата на Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести