Ливерпул не успеа да го искуристи домашниот терен и не даде гол против Баерн Минхен во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Англискиот првак сега ќе мора на реваншот во Минхен да брка барем реми со погодоци ако сака да продолжи понатаму.
Интересно е што по завршување на средбата, двајцата тренери се скараа, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одби да се поздрави со гостинскиот стратег Нико Ковач.
Што се однесува за тоа што се случуваше во текот на 90-те минути на теренот на „Енфилд Роуд“, голманот на Баерн, Мануел Нојер, вели дека е задоволен.
„Знаевме дека Ливерпул има многу брзи напаѓачи, но ние игравме дисциплинирано во текот на сите 90 минути. Одлично се браневме и не му дозволивме на Ливерпул да создаде добра шанса. Најважно е што успеавме да не примиме гол, а ќе беше уште поубаво ако дадевме гол, но, за жал, тоа не се случи. Сепак, 0-0 и не е толку лош резултат“, рече капитенот на Баерн, Нојер.