Многу прашина се крена по потегот на Диего Симеоне, кој одби да се ракува со Јирген Клоп по мечот во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул, но уште полоша варијанта имаше на дуелот во Аргентина меѓу Патронато и Дефенса Јустиција, а се степаа двајцата тренери.
Иван Делфино, кој го предводеше домашниот тим, го грабна за врат противничкиот тренер Себастијан Бекасесе на скалите што водат од теренот кон соблекувалните.
Настана голема гужва на теренот, а се вмешаа и фудбалерите на двете екипи. Инцидентот го предизвикаа и двајцата тренери, најпрво Бекасесе, кој на непристоен начин се радуваше на израмнувањето на 2:2 на Дефенса Јустиција токму со провокација кон Делфино.
Ниту домашниот тренер не остана должен, па го турна ривалот од спротивната страна кон скалите што водат во соблекувалната.
Ivan Delfino (Patronato’s Mananger) attacks Sebastian Beccacece (Defensa y Justicia’s Manager) after the end of the first half, because Beccacece celebrated on Delfino’s face after equalizing the score at 45+1. from soccer
Инцидентот се случи по завршувањето на првото полувреме, кога резултатот беше 2:2, а мечот заврши нерешено 3:3.