Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека може да остане на чело на стручниот штаб на премиерлигашот и после завршувањето на актуелниот договор во летото 2024 година, но под еден услов, ако има енергија да продолжи да работи со жар и ентузијазам.
Клоп е на клупата на Ливерпул во 2015 година, му помогна на тимот да ги освои Премиерлигата и Лигата на шампионите како најголеми потфати.
„Го сакам тоа што го работам, но треба да има нешто друго и надвор од овој мој свет. Во моментов сум полн со енергија, но требва да се уверам дека така ќе биде и во 2024 година. Не сакам да седам и да бидам уморен, и да си помислам: Не може ли да се грижам повеќе за лошите нешта?“ – рече Клоп.