Клоп има голема љубов кон Ливерпул: Тажен и сам на „Енфилд“ се подготвува за разделбата (Видео)

Ретко кој тренер го сака клубот што го води како Јирген Клоп што го сака Ливерпул, кого го води девет сезони.

Германецот в недела последен пат ќе ги води Црвените и ќе се прости од навивачите на стадионот „Енфилд“, кој му беше вистински дом речиси една деценија.

Клоп вчера бил снимен од вработени во клубот како сам, со замислен и тажен поглед, стои на средината на теренот, а потоа заминал и на поуларниот „Коп“, трибината зад голот каде што се најжешките фанови на Ливерпул, па оттаму сакаше да гледа кон теренот и да се внесе во улогата на навивач.

Клоп уште пред неколку месеци објави дека си оди од клубот по завршувањето на сезонава, крајот е тука и очигледно е дека разделбата ќе му падне тешко.

- Оглас -

Најнови вести