Клоп: Имаше чист пенал за нас, тоа го знаат сите фудбалски експерти на планетата (Видео)

Ливерпул и Манчестер сити ремизираа 1:1 во дербито на викендот во Премиер лигата, а на крајот двата тима може да жалат што не го освоија целиот плен. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим е оштетен и тоа за ситуацијата во самиот финиш кога Доку со нога го удри Мекалистер директно во градите.

Целтата таа ситуација се случуваше во шеснаесетникот, што значи дека ако имаше фаул, требаше да биде пенал.

„Тоа беше фаул, за кој се дава и жолт картон на секој дел од теренот. Сто отсто беше пенал за нас. За сите фудбалски луѓе на планетата е така. Сите оние кои ја гледаа снимката велеа дека е пенал, но знам дека ќе добиеме некое чудно објаснување зошто не било пенал. Иако не добивме пенал, моите фубалери одиграа фантастично. Покажавме дека заслужено сме на позицијата на која се наоѓаме и до крајот ќе се бориме за титулата“, е мислењето на Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести