Ливерпул и Интер пред 14 години играа во нокаут-фаза од Лигата на шампионите и англискиот тим ги доби двете средби, и тоа без да прими гол. Сега двата клуба се пред нов предизвик. Нераѕурите на домашен терен во обид да покажат дека се многу поквалитетни и дека не случајно се италијански прваци, додека составот на Јирген Клоп да стигне до резултат кој ќе му даде мирен реванш на „Енфилд роуд“.
„Интер има одличен тим, одличи фудбалери, одличен тренер и не случајно се шампиони во Италија. Мислам дека Интер во моментов е најдобар тим во Италија, иако имам респект и кон останатите. Имаат креативност, добро се организирани. Секако, имаат и индивидуален квалитет. Затоа мора да одиграме најдобро што знаеме за да стигнеме до посакуваниот резултат“, рече Клоп.