23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Клоп: Интер е силен тим, треба да сме среќни што поминавме понатаму

Ливерпул успеа да се пласира во четврт-финалето од Лигата на шампионите и покрај тоа што загуби на домашен терен од Интер со 1:0.

Сепак, предноста од два гола во Милано беше недостижна за италијанскиот претставник, кој погоди со прекрасниот гол на Лаутаро Мартинез во 62-рата минута.

„Не можевме да одиграме подобро бидејќи тоа противникот не ни го дозволи. Треба да бидеме среќни што сме во четврт-финалето од Лигата на шампионите и тоа е најважно.

Мора да се подобриме бидејќи ако одиграме како на оваа средба, нема да биде добро“, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и додаде.

„Санчес беше најдобриот играч на теренот, но нема муабет за црвениот картон. Тој беше агресивен и треба да биде среќен што не доби исклучување и по првиот старт“, кажа, меѓу другото, Германецот.

 

- Оглас -

Најнови вести