Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред реванш-дуелот со Интер од осминафиналето во Лигата на шампионите изјави дека предност од 2-0 по прв меч во елиминациска фаза може да биде многу опасен ако дојде до опуштање кај неговиот тим и ако помислат дека работата е завршена.
„Интер е голем клуб и сигурно во Англија не се дојдени како туристи. Ќе се обидат да нападнат и да ги контролираат играта и мечот. Резултатот од 2-0 е многу опасен, често страдале екипи кои мислеле дека тоа е доволно и дека работата е завршена. Резултатот во Милано беше подобар од нашите очекувања, но во реваншот имаме нови 90 минути, нов тежок меч“, вели Клоп.