Ливерпул ќе има многу поголема конкуренција сезонава во обидот да ја одбрани титулата во Премиер лигата, а неговиот менаџер Јирген Клоп очекува жестока битка за пехарот во англиското првенство.
„Ако ја одбраниме титулата, тоа ќе биде поголем успех од ланскиот, кога бевме први. Не почнавме лошо. Задоволен сум, освен од поразот со Астон вила со 7:2. Очекувам дури 8 клуба да се борат за титулата и битката ќе биде жестока“, вели Клоп.
Ливерпул до лани чекаше дури 30 години за нова титула во Англија, 19-та по ред, но и прва, откако англиското првенство стана бренд именуван како Премиер лига.
Моментно Ливерпул е на третото место со 17 бода, колку што има второпласираниот Тотенхем и зад лидерот Лестер. Токму тие три екипи, заедно со двете на Манчестер, Сити и Јујнатед, потоа и Челзи и Арсенал и Евертон, според Клоп, ќе бидат во конкуренција за шампионската круна во Премиер лигата.