Јирген Клоп летово ја заврши осумгодишната авантура во Ливерпул и сега е слободен тренер. Сигурно многу екипи сакаат да го видат Клоп на својата клупа, а веќе стигна и првата понуда, кога Клоп без многу размислување ја одби.
Се работи за понуда да биде нов селектор на САД. Американците имаа разочарувачки настап на Копа Америка, каде што не успеаја да ја поминат групната фаза, па „настрада“ селекторот Грег Берхалтер, кој доби отказ.
Откако остана празно селекторското место, Американците побрзаа да достават понуда до Клоп, но германскиот стратег веднаш одговорил, и тоа негативно.
„Нема шанса. Одморам“, бил краткиот, но јасен одговор на Клоп, кој уште пред некое време соопшти дека планот му е да одмори барем една година, а дури потоа ќе размисли каде би продолжил како тренер.
: Jürgen Klopp has rejected an approach to become the new manager of USA.
(Source: @David_Ornstein) pic.twitter.com/hzHO7RbCyO
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 11, 2024
Клоп во кариерата освен во Ливерпул, беше тренер и на Борусија Дортмунд и на Мајнц.