27.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Клоп ја откри тактиката за дербито против Сити

Ливерпул го пречекува Манчестер сити во дербито на ова коло во Премиер лигата. Ова ќе биде дуел на двете пропласирани на табелата по шест одиграни кола. Ливерпул е единствен без пораз, а тренерот Јирген Клоп се надева дека така ќе остане и по средбата со Граѓаните.

„Мораме да бидеме во нашето најдобро издание, затоа што само така ќе имаме шанса да победиме. Мораме да бидеме агресивни, дрски. Во дорба форма сме и имаме самодоверба, но сепак мора многу да бидеме внимателни затоа што Сити според мене во моментов е најдобриот тим во Европа“, рече Клоп.

На последниот меч меѓу овие две екипи одигран на „Енфилд Роуд“, Манчестер сити победи со убедливи 4:1, со што Граѓаните ја срушија негативната традиција според која немаа победа на легендарниот стадион цели 18 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести