Клоп ја продолжи „војната“ и му одговори на Невил: Не имитирам никого, најмалку Сер Алекс

Густиот распоред и фактот што само во Премиер лигата се игра со три измени, се главни прични за голем дел од повредите кои трпи фудбалот откако почна сезоната 2020/21. Меѓу најпогодените е и англискиот првак Ливерпул, а Јирген Клоп воопшто не е среќен што ништо не се менува во системот кој очигледно не функционира.

Во пресрет на дуелот против Вулверхемптон, предводникот на Црвените ја продолжи „војната“ околу овие проблеми, овојпат се најде во расправија со легендата на Манчестер јунајтед и аналитичар на „Скај спортс“, Гери Невил, кој пред неколку дена го осуди Германецот дека води иста политика како на времето што правел Сер Алекс Фергусон, во обид да ги заштити своите играчи.

„Не сум сигурен што изјави Невил, но знам дека не зборуваше за Ливерпул. Која и да е причината поради која тој смета дека го имитирам Сер Алекс, воопшто не е во право. Јас не се обидувам да ги заштитам само моите играчи, туку сум загрижен за сите“, одговори Клоп, па продолжи:

„Проблемот во трите измени е што често последната, а понегодаш и две измени, се чуваат за финишот од натпреварот со цел да се извадат од игра изморените играчи. Во најлош слушај може рано да се потрошат измените доколку има една или повеќе повреди, и така остануваме без избор за освежување на составот во последните минути“.

Ливерпул вечерва го пречекува Вулверхемптон на „Енфилд“, а во составот ќе ги нема веќе повредените Ван Дајк и Алкантара, како и голманот Алисон, Милнер, Гомес, Окслејд-Чембрлен и Шаќири.

- Оглас -

Најнови вести