Ливерпул успеа во летниот преоден рок да им одолее на богатите понуди од Саудиска Арабија за Мохамед Салах. Арапите нудеа дури 150 милиони фунти, но јасно е дека овој трансфер ќе се случи во зимскиот преоден рок.
Токму затоа тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја бара замената за одличниот Египќанец, а се чини дека веќе и ја има најдено. Се работи за фудбалерот на Јувентус, Федерико Кјеза, кој според информациите од Италија, воопшто нема ништо против кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Кјеза беше еден од клучните фудбалери на Италија во освојувањето на европската титула, но во последно време има проблеми со повредите.