Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, тврди дека Црвените нема да го потценат Вилјареал во утрешниот полуфинален меч од Лигата на шампионите.
Ливерпул е огромен фаворит, но Клоп смета дека Жолтата подморница заслужува целосен респект.
„Вилјареал е како создаден за ова натпреварување. Јувентус и Баерн можеби и го потценија, но тоа нема да се случи кај нас, Тие сакаат да напишат историја, имаат серија добри резултати, ги победија Баерн, Валенсија. Унаи Емери е импресивен, има план и решенија во секој момент, без разлика дали води или губи. Ќе играме најдобро што можеме“, изјави Клоп, кој призна дека Емери е „крал на куповите“.
Во 2016 година, во финалето на Лигата на Европа, Ливерпул загуби од Севилја, а тренер на Севилја беше сегашниот тренер на Вилјареал.