Клоп како да претчувствуваше нешто лошо, пред мечот се скара со фановите (Видео)

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за првпат откако е во англискиот клуб почувствува како е да се испадне во еден европски двомеч, а дека имаше лошо претчувство, доказ е и снимката на која се гледа дека тој беше многу напнат пред почетокот на реваншот со Атлетико.

Кога навивачи со испружени раце се обидуваа да се поздрават со играчите на Ливерпул, Клоп збесна и реагираше жестоко покажувајќи дека не треба да прават така. Потоа Клоп не сакаше нормално да се поздрави ниту со колегата Диего Симеоне, па се допреа само со нивните лактови.

https://www.youtube.com/watch?v=Dij4Ii3-X_w

- Оглас -

Најнови вести