Клоп: Како може некој да помисли дека имаме лесен распоред во Премиер лигата

Најголемото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул се игра утре на „Олд Трафорд“, а двете екипи со различно расположение го дочекуваат дуелот. Ливерпул е во трка за титулата, а Манчестер јунајтед заостанува дури 22 бодови и е на шестото место на табелата.

Пред помалку од еден месец овие два тима играа во ФА Купот и Манчестер победи со 4:3 во меч кој имаше продолженија и заврши по 120-минутна борба. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп

„Пред нас е многу важен меч, но и сите натпревари до крајот се многу важни. Го гледав нашиот распоред, а слушнав некои како велат дека имаме најлесен распоред од сите конкуренти за титулата. Не знам како некој може да мисли такво нешто“, вели Клоп, кој додава дека неговите играчи мора да ги поправат грешките што ги направија на дуелот од ФА Купот против Манчестер јунајтед.

„Во ФА Купот направивме неколку грешки, ја загубивме контролата и на крајот бевме казнети и Манчестер направи пресврт. Тоа е одличен тим посебно на домашен терен. Треба да најдеме начин како да ги загрозиме. Мора да одиграме добар меч ако сакаме да победиме“, додаде германскиот стратег кој е на чело на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести