Поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, ги негираше гласините за можно негово назначување во Реал Мадрид, нагласувајќи дека е уморен од вакви вести.
Од почетокот на 2025 година, Клоп работи како раководител на фудбалскиот оддел во Ред Бул, компанија чиј систем вклучува четири клуба.
„Како треба да изгледа тоа? Реал Мадрид или Флорентино Перес ми се јавуваат и ме прашуваат: „Јирген, како си? Дали си заинтересиран?“ Или е доволно некој медиум – не знам дали е вештачка интелигенција или луѓе – да напише глупости? Ме иритира. И потоа постојано морам да одговарам на тоа. Да се јавеше Реал Мадрид навистина, тоа ќе излезеше на виделина во одреден момент. Но, сето тоа е глупост. Не се јавија ниту еднаш! Мојот агент е тука, можете да го прашате него – никој не му се јавил ниту нему. Велат дека ќе го тренирам и Атлетико, веројатно во исто време“, вели Клоп.
„Не размислувам за тоа во моментов. Но, сè уште не сум завршил како тренер. Не сум стигнал до возраста за пензионирање. Којзнае што ќе се случи во наредните години“, додаде Германецот.

