Клоп ќе го гледа вечерашното дерби во Лондон

Дербито на „Стемфорд бриџ“ уште вечерва може да го донесе новиот шампион на Англија во зависност од резултатот. Евентуална победа на Челзи ќе се слави и во Ливерпул бидејќи Црвените и математички ќе ја имаат обезбедно титулата во Премиер лигата по 30 години чекање.

Тимот на Клоп вчера си ја заврши работата со Кристал палас и сега се чека исходот од вечерашната средба, па сега останува Лампард и неговите играчи во нивно име да ја довршат работата, но за актуелниот европски првак доволно е и реми.

Германскиот стратег посочи дека ќе го проследи дербито, но не затоа што очекува триумф на Челзи, туку ќе го анализира следниот противник на неговата екипа, а тоа е токму Манчестер сити.

„Секако дека ќе го гледам дербито, бидејќи наш следен противник е Манчестер сити. Јас сум професионален и морам да си ја вршам работата, а дел од неа е и анализирањето на противниците“, истакна Клоп.

Челзи и Сити вечерва во 21:15 часот ќе ги одмерат силите во рамки од 31-вото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести