Клоп ќе го надмудри неискусниот Лампард во Истанбул

Ливерпул – Челзи (21ч – УЕФА Суперкуп)

Освојувачите на ЛШ и ЛЕ од минатата сезона вечерва ќе се надигруваат за престижниот пехар во Суперкупот на УЕФА. Ливерпул и Челзи во Истанбул ќе покажат кој е најдобар клуб во Европа, а се чини дека поголеми шанси за тоа имаат Црвените од „Енфилд“. Избраниците на Јирген Клоп се фаворити во пресрет на овој дуел, особено по настапите на двете екипи во првото коло од Премиер лигата. Ливерпул триумфираше со 4-1 против Норвич, а Челзи претрпе дебакл од Црвените ѓаволи со 4-0.

Ова ќе биде 11-ти дуел на Челзи и Ливерпул во рамки од натпреварување на УЕФА. Сините водат со 3-2, а реми било конечен исход во останатите пет дуели. И во последните пет меѓусебни средби Сините имаат подобар учинок со 2-1, во две средби не се одредил победник. (За повеќе информации околу оваа средба прочитајте на следниот ЛИНК)

Предлог тип: 1X & 3+ (1.95)

 

Гимараиш – Вентспилс (18ч – Лига на Европа, реванш-натпвревар од третото квалификациско коло)

Португалскиот тим го двојат уште 90 минути од пласман во плејофот, каде што ќе се бори за место во групната фаза на ЛЕ. Гимараиш заврши голема работа со гостинскиот триумф од 3-0, така што денешната средба треба да биде формалност.

Во прилог на домаќините им оди и нивната одлична серија од седум победи во низа, додека летонскиот тим доживува турбуленции и никако да воспостави свој ритам. Средбата од минатата недела беше прва меѓу овие две екипи, а денес се очекува сличен резултат како тој пред седум дена.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.85)

 

Aтромитос – Легија (18ч – Лига на Европа, реванш-натпревар од третото квалификациско коло)

Легија испушти убава прилика на домашен терен да направи предност против грчкиот тим во пресрет на овој реванш. Сепак, ремито без голови навестува дека и денес дуелот ќе биде неизвесен и нималку лесен за фаворизираните полски претставници.

Во последните 10 меча во сите конкуренции, Легија претрпе само еден пораз, и тоа на стартот на шампионатот во полската лига. Исто така имаат три ремија во низа и планираат да стават крај на таа серија. Атромитос имаше лоши подготовки и загуби во четири од петте контролки, но ја вратија формата по второто квалификациско коло и сега три меча се без пораз.

Предлог тип 1+I & 1+II (2.0)

 

Жан – Ленар Штруф – Стефанос Циципас (18:30ч – АТП Мастерс 1000 Синсинати, второ коло)

Циципас експресно го заврши својот настап во Монтреал, па се пресели во Синсинати на уште еден АТП Мастерс турнир. Како прва пречка наиде на Германецот Штруф, кој во претходното коло го елиминираше ветеранот Иво Карловиќ.

Младиот грчки тенисер цели на висок пласман на овој турнир, така што треба да ја добие четвртата меѓусебна пресметка против Штруф. Во трите претходни средби Циципас победи со идентични 2-0, додека Германецот еднаш се радуваше со конечни 2-1.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Стен Вавринка – Андреј Рублев (20ч – АТП Мастерс 1000 Синсинати, второ коло)

Вавринка во првото коло доста се намачи со Бугаринот Димитров за да ја осигури победата од 2-1 во сетови, а сега за противник има уште еден тенисер од кој може да загуби сет. Рублев иако е неискусен, има серија од три победи и планира да продолжи со добрите настапи на Синсинати, без разлика колкав предизвик има пред себе.

Овие двајца тенисери досега само еднаш ги одмериле силите, во јанури 2016 година Вавринка славеше со 2-0 во сетови против Рублев во осминафиналниот дуел на АТП турнирот во Шенај, Индија.

Предлог тип: 1 & >22.5 гема (2.70)

- Оглас -

Најнови вести