Клоп ќе мора да почека, Нагелсман останува селектор на Германија до крајот на СП 2026 година!

Официјално, Фудбалската федерација на Германија објави дека со Јулијан Нагелсман е потпишан нов договор со кој овој 36-годишен стручњак ќе остане селектор на Панцерите до Светското првенство во 2026 година.

Ова е донекаде изненадувачка вест затоа што Нагелсман се спомнуваше како најсериозен кандидат за наследник на Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен, а како нов селектор по ЕВРО 2024 беше виден Јирген Клоп. Но, ниту Нагелсман ќе се врати во Баерн, ниту Клоп годинава ќе ја преземе репрезентацијата.

„Одлуката ја донесов со срце. Голема чест е да ја водам репрезентацијата и да работам со најдобрите фудбалери во земјата. Со успешни настапи имаме шанса да ја инспирираме целата земја. Двете победи против Франција и Холандија во март ме трогнаа. Сакам заедно да направиме успешно европско, а потоа ќе гледаме кон предизвикот Светско првенство“, изјави Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести