Клоп ќе мора во карантин и ќе го пропушти Челзи по сомнителен Ковид-19 тест

Јирген Клоп ќе мора да го пропушти натпреварот против Челзи и да замине во изолација.

Тренерот на Ливерпул на последното тестирање имал сомнителен тест, а правилата налагаат тој да замине во изолација, со што ќе мора да го пропушти големото дерби.

Покрај Клоп, уште тројца фудбалери во петокот имале позитивен тест а сето тоа ќе зададе дополнителни проблеми за црвените од Енфилд, кои се обидуваат да останат во каков-таков чекор со лидерот Манчестер сити, кој во моментов „гази“ се пред себе.

- Оглас -

Најнови вести