Клоп ќе урива клупски рекорд за уругвајскиот бомбардер на Бенфика

Ливерпул е во мисија да најде адекватна замена за Садио Мане, кој е на излезна врата, па затоа фокусот го насочи кон голгетерот на Бенфика, Дарвин Нуњес.

Англиските медиуми пренесуваат дека Црвените подготвуваат вртоглава понуда од 100 милиони евра за „деветката“ на лисабонските Орли, што би бил рекорден трансфер на „Енфилд“. Најскап ангажман на англискиот вицешампион засега е Вирџил ван Дајк со 84 милиони евра.

Нуњес во две сезони за Бенфика постигна 47 погодоци во 84 меча, минатата сезона блесна со 34 гола, од кои шест му беа во Лигата на шампионите, два ги постигна токму против Ливерпул во четвртфиналната фаза.

Самиот фудбалер преферира да се пресели на Мерсисајд, иако за неговите услуги постои интерес и од неколку други гиганти, пред сè, Манчестер јунајтед.

Останува да се види дали ќе се оствари богатиот трансфер, со кој Ливерпул би одговорил на Манчестер сити и нивното големо засилување, Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести