Менаџерот на Ливерпул Јигрен Клоп, смета дека секој член на екипата треба да добие медал, без разлика дали ги исполнил критериумите на првенството. Минимум пет настапи треба да има секој играч за да добие шампионски медал при доделувањето на титулата, а Германецот вети дека ќе им додели медал на сите биле дел од незаборавната сезона.
„Не знам кој ја смислил таа идеја да секој играч има најмалку пет настапи во Премиер лигата за да добие медал. Според мене, сите треба да добијат медал, дури ако играл еден меч или воопшто не запишал настап. Гарантирам дека сите во овој клуб ќе добијат медал, дури и ако треба јас ќе ги изработам и ќе им дадам“, истакна Клоп.
Клоп застана во одбрана на неколку млади играчи како Харви Елиот, Неко Вилијамс, Куртис Џејмс, кои имаа свои моменти да заиграат за новите англиски шампиони, меѓутоа не сите имаат пет или повеќе настапи. Се претпоставува дека дел од младинците утре ќе добијат шанса против Астон вила, со оглед на тоа дека титулата е обезбедена уште по 31-то коло.