Поразот од Реал Мадрид од 3-1 во минатогодишното финале во Лигата на шампионите не го демотивираше Јирген Клоп, ниту неговиот Ливерпул. Оваа сезона се вратија уште посилни, а по вчерашниот подвиг против Барселона, може да се каже дека се први фаворити за освојување на европската титула.
Фудбалските фанатици сигурно се сеќаваат. Ноќта кога Реал Мадрид ја славеше рекордната 13-та титула, забавно беше и во просториите на Ливерпул, кои беа благодарни што тогаш стигнаа до самото финале. Видеоприлогот во кој главен актер е Јирген Клоп се рашири насекаде по социјалните мрежи, германскиот стратег во прегратка со навивачите пееше: Го видовме европскиот пехар, Мадрид ја имаше сета еб*на среќа. Се заколнавме дека ќе останеме ‘кул’, ќе ја вратиме (титулата) назад во Ливерпул!
Една сезона подоцна, Црвените повторно се во финалето, додека Клоп е многу блиску да го исполни ветувањето и да ја донесе шестата ЛШ титула во клупската историја, а вечерва ќе го дознаат противникот од реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем.
This is Juergen Klopp at 6am.
I thought I couldn’t line him more.
I was so wrong. https://t.co/DA875TYV0E— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 27, 2018