Јирген Клоп и Ливерпол после девет години, налето ќе се разделат, откако германскиот тренер освои се што можеше да се освои. Неговиот план е да направи една сезона пауза и да се посвети на семејството. Клоп ќе гради куќа за одмор во шпанското одморалиште Мајорка, но и семеен дом во германскиот град Висбаден.
Според Дејли мејл, Клоп летово планира да биде само навивач на натпреварите од Европското првенство кое ќе се одржи во неговата татковина, и веќе има купено билети за натпреварите на репрезентацијата на Германија против Шкотска, Унгарија и Швајцарија.
Гермснкиот тренер имал и понуди од неколку големи телевизии да биде нивни стручен коментатор на Европското првенство, но тој без размислување одбил, велејќи дека останува на тоа што го кажал и сака само одмор.