Клоп: Ме остави да чекам како вол

Ливерпул и Баерн Минхен одиграа без голови на „Енфилд роуд“, а интересно е што најголемите возбудувања се случија по мечот и тоа од нефудбалски карактер. Тренерите на двата тима, Јирген Клоп и Нико Ковач, се скараа и не си подадоа рака. Подоцна, двајцата објаснија за што била целата ситуација. Клоп вели дека се налутил зошто веднаш се приближил до клупата на гостите, но наместо да се поздрави само стоел и чекал.

„Тоа беше недоразбирање. Сакав да му дадам рака, но тој ме остави да стојам таму и да чекам како вол пред планина. Подоцна ми се извини и ми рече дека сакал да разговара со Рибери, кој стана татко. Но Рибери по петти пат е татко, и тоа не е така возбудливо. Сакав да се поздравам со него, а тој замина меѓу своите играчи. Делуваше како да ќе се поздрави со сите играчи“, на шега објасни Клоп.

Стратегот на Баерн, Ковач вели дека во Германија традиција е прво тренерот да се поздрави со своите играчи, а подоцна со противничкиот тренер. Во Англија е обратно.

„Во Германија прво им се честита на своите играчи, но сега сме во Англија, а тука е обратно. Обичај е прво да му се даде рака на противничкиот тренер. Му се извинив на Клоп и му реков дека на реваншот во Минхен тоа ќе го направиме како што се прави во Германија“, беше реакцијата на Ковач.

https://twitter.com/i/status/1097981136549171200

Баерн сега има мала предност пред реваншот во Минхен, каде што доволно е да забележи каква било победа. Вториот меч се игра на 13-ти март.

 

- Оглас -

Најнови вести