Германскиот стратег Јирген Клоп вели дека играчот од неговиот Ливерпул, Вирџил ван Дајк, треба да ја освои престижната награда Златна топка. Највредното индивидуално признание кое се доделува на крајот од секоја година својот сопственик за 2019 година ќе го дознае на 2 декември.
Најавите се дека Лионел Меси и Ван Дајк се во мртва трка за освојување на признанието. Меси во кариерата веќе има пет Златни топки, додека Ван Дајк првпат е меѓу главните конкурентни.
„Ако Златната топка се дава за најдобриот фудбалер, тогаш таа секогаш треба да завршува во рацете на Лионел Меси. Но, ако се дава на најдобриот играч за последната сезона, тогаш тоа е Вирџил ван Дајк. Не знам по кои критериуми се водат луѓето, но за мене е така“, рече Клоп.