Клоп: Ми најдоа место кога видоа дека јас сум човекот што го победи Реал Мадрид

Јирген Клоп има една цел денеска, а тоа е како да успее да ја сопре Барселона на „Камп Ноу“, во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Германскиот стратег сега ја има Барселона како голем ривал, но се сеќава како во минатото токму еден навивач на Барселона му има помогнато. Анегдотата се случила додека Клоп бил на одмор на Ибица.

„Се сеќавам на тој одмор на Ибица. Отидов во еден ресторан, а во тоа време бев тренер во Борусија Дортмунд. Во ресторанот немаше слободни места, но кога видоа кој сум веднаш ми рекоа: Еј, па вие сте Јирген Клоп. Можете да седнете каде што сакате вие го победивте Реал Мадрид“, рече Клоп.

Сега мисијата на Клоп е да ја победи и Барселона, па доколку некогаш повторно замине на одмор во Шпанија и му треба услуга, ако наиде на навивач на Реал Мадрид, сигурно ќе му се исплати, како што тоа било на одморот на Ибица.

 

- Оглас -

Најнови вести