Клоп: Мило ми е што УЕФА и ФИФА се малку потресени и што сфатија дека не можат да прават што сакаат

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека е против формирање на европската Суперлига, но мило му е што УЕФА и ФИФА се малку потресени по судската пресуда на Европскиот суд на правдата со која се ограничува нивната моќ.

Управата на Ливерпул пред денешната прес-конференција на Клоп, објави дека нема да игра во Суперлигата и ќе остане да игра во натпреварувањата под капата на УЕФА.

„100 отсто се согласувам со оваа изјава, но во секој случај ми се допаѓа пресудата. Конечно сфативме дека УЕФА и ФИФА не можат да прават што сакаат. Малку се потресени од оваа одлука“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести