Клоп: Мило ми е што Вест хем не го избрка Мојс, така ќе бев најстар менаџер во Премиер лигата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази задоволство што Вест хем го задржа неговиот колега Дејвид Мојс на клупата и со тоа пропадна можноста Клоп да биде највозрасен менаџер во Премиер лигата.

Клоп има 55 години и заедно со 59-годишниот Мојс сезонава ја почнаа како највозрасни тренери во лигата. Подоцна на клупата на Кристал палас се врати 75-годишниот Рој Хоџсон, а Вулверхемптон го доведе 56-годишниот Хулен Лопетеги, па така Клоп сега е „дури“ четврти најстар менаџер во лигата.

„Не им посветувам толку големо внимание на другите клубови, но во конкретниот случај да затоа што ако Вест хем го сменеше Дејвид Мојс, јас ќе бев највозрасниот менаџер во Премиер лигата и сакав да го избегнам тоа. Стискав палци за Дејвид да остане во Вест хем“, изјави шегаџијата Клоп на прес-конференцијата пред мечот во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести