Клоп: Можам да напишам книга за Ван Дајк

Јирген Клоп е мајстор за двомечи во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Тоа го покажа вчера, откако неговиот Ливерпул го елиминираше Баерн среде Минхен, и тоа со голема победа од 3-1. По мечот, германскиот стратег беше презадоволен oд начинот на којшто неговите фудбалери пристапија во овој меч.

„Во моменти кога всушност игравме фудбал, тотално ја уништивме организацијата на Баерн. Во второто полуреме одигравме многу зрело, апсолутно заслужена победа. Ливерпул се врати во европската елита, сега не е важно кој ќе ни биде противник во четвртфиналето. Момците не се плашат од никого, едноставно обожуваат да играат во ова натпреварување.

Јирген посебно беше задоволен од играта на Вирџил ван Дајк, кој покрај тоа што беше одличен во одбраната, го постигна и важниот гол за 2-1 додека му асистираше на Мане при првиот погодок, за кој Клоп вели дека уште 500 пати ќе го гледа.

„Вирџил беше брилијантен. Од него очекувам да спречува напади, но тој придонесе и со погодок. Можам да напишам книга за него колку е добар, какви се неговите квалитети, колку многу ми се допаѓа, каква фантастична личност е. Тој е млад, но истовремено и многу зрел, многу е силен, речиси е без мана. А, погодокот на Мане ќе го гледам уште 500 пати“, додаде Јирген.

Со елиминацијата на Баерн, Ливерпул се погрижи за првпат по 13 години да нема германска екипа во четвртфиналето, додека за првпат по 2009 година четири англиски екипи обезбедија пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=VRTAv7sBotU

- Оглас -

Најнови вести