Бразилските медиуми објавуваат сензационална вест дека Јирген Клоп е подготвен да му се врати на фудбалот. Според нив, интерес за Германецот има од Реал Мадрид, кој е во потрага по тренер за следната сезона, но и од Фудбалскиот сојуз на Бразил за селекторската позиција на Кариоките.
„Јирген Клоп е заситен од работата во Ред Бул и е отворен за преговори со Фудбалскиот сојуз на Бразил и со Реал Мадрид. Бразил веќе долг период е во потрага по селектор, а по дебаклот во Лигата на шампионите, Реал ќе го отпушти Анчелоти и во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Луѓето блиски до Клоп зборуваат дека тој би се вратил на тренерската работа само како селектор на Бразил или како тренер на Реал“, се вели во дел од бразилските медиуми.
Јирген Клоп во својата тренерска кариера седум години го предводеше Мајнц, исто толку беше и во Борусија Дортмунд, а на чело на Ливерпул мина девет години.