Клоп на Анчелоти му дал подарок пред ланското финале, Карло откри за што станува збор

На денешните прес-конференции на тренерите на Ливерпул и Реал Мадрид, во пресрет на утрешниот нивен дуел на „Енфилд“ од осминафиналето на Лигата на шампионите, освен куртоазните изјави со пофалби за противниците, во центарот на вниманието се најде откритието на Јирген Клоп дека пред ланското финале во Париз му дал подарок на Карло Анчелоти.

„Анчелоти е еден од најдобрите тренери што сум ги сретнал, го обожувам. Лани во Париз му дадов подарок на Карло, можеби годинава тој ќе ми даде нешто мене“, рече Клоп.

Новинарите не ја пропуштија приликата да го прашаат Италијанецот за каков подарок станува збор.

„Тоа беше електронска цигара“, откри Анчелоти, кој додаде дека со Клоп е во одличен однос и дека за време на пандемијата, кога Анчелоти живееше во Ливерпул, каде што работеше како менаџер на Евертон, постојано си пишувале пораки.

„Немам подарок за Јирген, но ќе му подарам нешто на реваншот во Мадрид“, додаде единствениот тренер со четири европски титули.

- Оглас -

Најнови вести