Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е импресиониран од трошењето на новиот сопственик на Челзи, Тод Боли, кој во последните два преодни рока фрли речиси 500 милиони евра за засилувања.
Сините во летниот и зимскиот преоден рок досега потрошија 462 милиони евра и се апсолутни рекордери и за нешто повеќе од 60 милиони евра го надминаа премиерлигашки рекорд што го држеше Манчестер сити од сезоната 2017/18.
Сумата може да се зголеми бидејќи потенцијалните бонуси што треба да се платат изнесуваат 55 милиони евра, а освен тоа Челзи потроши и 11 милиони евра за позајмиците на Жоао Феликс и Денис Закарија.
„Интересно е нивното трошење, но, тоа не можам да го објаснам. Ако сиве овие бројки се вистинити, тогаш тоа е импресивно. Мислам дека Челзи нема да може да троши на ист начин во следните десет години. Но, не знам, можеби ќе можат. Мислам дека тие нема да застанат тука, а тоа значи дека и ние треба да трошиме повеќе пари на засилувања“, вели Клоп.
Ливерпул и Челзи утре токму меѓу себе играат во дербито на колото во Премиер лигата, а Германецот има своја формула како да го победи Челси на и надвор од теренот – на трансфер пазарот.
„Јас верувам во тренинзите, во развојот на фудбалерите, во тимската работа и овие работи мора да се искористат 100 отсто. Кога создавате нов тим, тоа не значи дека треба да го создавате секоја година. Поентата е да ги оставиме играчите да направат исчекор, а ние имаме такви играчи. Не сме загрижени за трошоците на другите екипи, но мораме да реагираме, а скапите трансфери не се единственото решение“, смета Клоп.