Клоп на стартот на кариерата ја избегна главната замка, денеска слави јубилеј од 1.000 натпревари како тренер

Јирген Клоп денеска слави голем јубилеј и од 13.30 часот на клупата на Ливерпул по илјадити пат ќе биде менаџер на клуб, а гостин е големиот ривал Челзи.

Германецо има интересна кариера исполнета со многу успеси и титули, а вели дека најтешкото го прегрмел на почетокот на тренерската кариера.

Како играч на Мајнц настапуваше со нашата фудбалска легенда Николче Новески, а потоа доби задача како привемен тренер да го спасува клубот од испаѓање од Втората Бундеслига, или популарната Цвајта.

Со шест победи во последните 7 кола Клоп успеа да го извлече Мајнц и потоа да почне сериозна тренерска кариера.

„Ако не го спасев Мајнц веројатно ќе таворев и немаше да добијам посериозна шанса да бидам главен тренер. За се треба и малку среќа, а ова е лудо, денеска ќе вдам клуб како тренер по илјадити пат. Ова е масивен подвиг за мене и луди бројки“, вели Клоп.

Досега на 999 натпревари има 548 победи. На 270 натпревари беше менаџер на Мајнц, потоа ја водеше и Борусија Дортмунд на 319 дуели, а со Ливерпул направи најмногу и денеска по 411 пат ќе биде кормилар на клубот со кој освои и англиска титула по чекање од 30 години и пехар во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести