Клоп на полувремето им открил на играчите кој бил проблемот на Ливерпул во дербито против Тотенхем

Ливерпул ја задржа предноста од шест бода пред Манчстер сити откако Црвените стигнаа до деветтата победа во 10-тото коло од Премиер лигата. Тимот од „Енфилд роуд“ пред своите навивачи со пресврт во второто полувреме го победи Тотенхем со 2:1. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше пресреќен од тоа како одиграле неговите фудбалери.

„Многу ми се допадна начинот на којшто одигравме против ваков тежок противник. Ова беше одлична демонстрација на прекрасна игра. Вака сакам да ми игра тимот. Сите оидграа така како што требаше. Се редеа шанса по шанса, а нивниот голман беше неверојатен и бранеше одлично. На полувремето им реков дека имаме само еден проблем – резултатот. Тотенхем беше опасен од контранапади и тоа не ме изненади бидејќи знаев дека тоа е нивна силна страна. На крајот ние заслужено победивме“, рече Клоп.

Погодокот за победа Ливерпул го даде од пенал во 75-тата минута, а тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, призна дека правилно бил досуден ударот од белата точка.

„Се трудевме, во последните 15-тина минути имавме свои шанси, но беше невозможно да дадеме гол. Немам приговор за пеналот. Секој може да има свое мислење, а моето е дека одлуката беше фер и коректна“, рече аргентинсиот стратег на чело на Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести