Клоп: Направивме повеќе грешки од судијата

Ливерпул ја продолжи низата без пораз во Премиер лигата, откако одигра 1:1 на гости кај Арсенал. „Црвените“ може да жалат што не ги освоија трите бода, бидејќи имаа водство од 1:0, но не го сочуваа до крајот. Лаказет погоди во 81 минута и израмни на 1:1.

Во првото полувреме се случи една сомнителна ситуација, кога судијата го поништи голот на Садио Мане. Иако Клоп не се согласува со одлуката на арбитарот, не сака да го обвини судијата како директен виновник за тоа што Ливерпул не победи.

„Во првото полувреме дадовме гол, но судијата го поништи, иако не беше оф-сајд. Потоа имавме уште две шанси за погодок, но не реализиравме. Ван Дајк од такви ситуации погодува и со затворени очи. Не сум задоволен од начинот на кој се браневме во првото полувреме. На крајот успеавме да освоиме бод, што е добар резултат бидејќи секогаш е тешко да се гостува на Арсенал. Голот на Мане беше регуларен, но ќе кажам дека ние самите направиме повеќе грешки од судијата“, рече Клоп, по дуелот на „Емирати“ во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести