Клоп: Не браниме ништо, туку напаѓаме нови трофеи

Јирген Клоп не се интересира околу приказните за фаворити во Премиер лигата, бидејќи ништо не е загарантирано. Во пресрет на гостувањето на актуелниот првак на „Етихад“, каде што Ливерпул треба да ги одмери силите со Манчестер сити, Клоп потенцираше дека неговата екипа отстапува од улогата на бранител на титулата, туку е во поход на нови успеси.

„Не се гледаме како еден од фаворитите за титулата, туку сме екипа која е гладна за нови успеси и мора многу да работи за да ја оствари зацртаната цел. Лани во одреден момент три екипи се бореа за врвот, ништо не ни беше загарантирано иако на крајот заслужено станавме шампиони. Претходните две сезони беа импресивни за нас, но и за Сити, па затоа не ме интересира дали сме први, втори, или пак трети фаворити. Затоа напоменав дека не браниме ништо, туку напаѓаме нови трофеи“, посочи Клоп.

За големото дерби,  познато е дека германскиот стратег нема да на клучниот играч во одбраната Вирџил Ван Дајк, исто така отсуствуват Фабињо и Тијаго Алкантара, но тоа не значи дека Ливерпул не може да издвои позитивен резултат во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести