Јирген Клоп: Ова не е фер, идејата беше поинаква!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп негодува што преодниот рок завршува во различни денови.

Во Англија, преодниот рок заврши, тимовите до јануари не смеат да купуваат нови играчи, а според германскиот стратег, раното затворање на трансфер пазарот на Островот нема смисол и треба да биде координиран со останатиот дел од фудбалска Европа.

„Не ме интересира кога завршува преодниот рок, но тој треба да биде затворен истовремено за сите. Идејата беше трансфер прозорецот да се затвори до стартот на шампионатите. Тоа е супер идеја, но само во Англија се почитува. Тоа е бесмислено”, рече Клоп.

Неодамна и Маурисио Покетино кажа дека ова создава несигурност кај англиските клубови, знаејќи дека до 2 септември може да останат без некој играч, без да добијат прилика да го заменат со друг.

- Оглас -

Најнови вести