Клоп не е на иста линија со клубот: „Јас би гласал за укинување на ВАР-системот“

Претставниците на клубовите од Премиер лигата ќе разговараат за укинување на ВАР-системот, а потоа ќе треба и да гласаат. За да се укине ВАР-от во Премиер лигата, потребно е за тоа да гласаат 14 од 20-те клубови.

Еден од тренерите кои се против ВАР-системот е Јирген Клоп, кој смета дека треба да има видеоасистент, но не да се користи на овој начин како до сега.

„Мислам дека ова не е гласање против ВАР, туку против начинот на кој се користи, а тоа сигурно не е правилниот начин. Со оглед на тоа како во моментов функционира, јас би гласал против ВАР-системот бидејќи тие луѓе не знаат правилно да го користат“, вели Клоп.

Сепак, раководството на Ливерпул е против укинување на ВАР-системот.

„Не е проблемот во ВАР-от, туку во начинот на користењето. Не можеш да ги замениш луѓето, очигледно дека тие се потребни. Според тоа, јас би гласал за укинување на ВАР системот“, додава Клоп.

- Оглас -

Најнови вести