Јирген Клоп вели дека Ливерпул не смее да го потцени Вилјареал во фазата на Лигата на шампионите што носи финале и меч за вредниот пехар.
Двете екипи веќе играа едно европско полуфинале, во Лигата на Европа во сезоната 2015/16 и Ливерпул се пласира во финалето со пораз од 0:1 на првиот меч на гости и домашна победа од 3:0.
Сега по обратен редослед, двете екипи ќе играат уште позначаен двомеч, за пласман во финалето во Лигата на шампионите.
Првиот меч е утре од 21 часот на „Енфилд роуд“, а реваншот ќе се игра на 3 мај во Шпанија.
„Ќе биде многу тешко против Вилјареал. Ова е полуфинале во најсилното натпреварување во Европа и би било чудно ако мисијата да се избори пласман во финалето не би била сложена и тешка“, вели Клоп.
Со него на кормилото, Ливерпул освои една европска титула во 2019 година со победа од 1:0 против Тотенхем, а претходната сезона Реал Мадрид беше подобар и славеше во финалниот меч со 3:1.
Вечерва од 21 часот се игра првото полуфинале меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, па можни се варијанти да има англиско или шпанско финале, или англиско-шпанска пресметка за највредниот европски клупски пехар.
Финалето ќе се игра во Париз на 28 мај од 21 часот.