Клоп: „Не ми е јасно како не успеавме да победиме“

Ливерпул и Арсенал одиграа нерешено, 2-2, на Енфилд Роуд. Реакциите после натпреварот не стивнуваат, бидејќи гостите имаа предност од 2-0, а на крајот се спасуваа од пораз, пред се поради фантастичните одбрани на гол голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл.

Свое видување за мечот имаше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој рече:

– „Ова не е типично за нас оваа сезона. Отворен натпревар, потполно отворен натпревар. Ни дадоја голови од првите две шанси кои ги имаа. Реагиравме одлично и на крајот гледавме спектакуларен натпревар. Не ми е јасно како не ги победивме на крајот, со толку многу шанси во финишот. Не разбирам. Не сум сигурен дали сум среќен со бодот или не. Арсенал е добар тим, но вечерва требаше да загубат. За нив овој бод е одличен.“

- Оглас -

Најнови вести